Мнозинството пратеници денес не го поддржаа предлог законот за амнестија на лицата вклучени во настаните од 27 април минатата година.
Собранискиот спикер Талат Џафери по одржаното гласање рече дека повеќе нема да се дебатира за овој предлог-закон.
Предлог законот за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 април 2017 година, се најде на дневниот ред на денешната 66. седница.