недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пратеник од македонското Собрание е заразен со коронавирус (ФОТО)

Пратеник од македонското Собрание е заразен со коронавирус (ФОТО)

Инфомакс дознава дека пратеничката на СДСМ од Прилеп, Кети Смилеска е заболена од опасниот коронавирус.

Редакцијата на порталот ја контактираше пратеничката по што добиле потврда дека е тестирана и е позитивна на заразата.

-Таа во болницата е сместена од саботата кога нејзината состојба се влошила, но како што вели за нашиот портал сега веќе е подобра. Смилеска апелираше до своите сограѓани прилепчани мерките да се почитуваат, бидејќи како што вели почитувањето на мерките не биле на задоволително ниво, објави Инфомакс.

Смилеска посочува дека сака информацијата да биде споделена за што поголем број на граѓани да разберат дека станува збор за сериозна работа.

КУРИР побара информација за овој случај од Министерството за здравство, а одговорот ќе го објавиме откако ќе ни биде испратен.

Најнови вести