понеделник, 12. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пред албанско знаме, Заев потпиша предизборен договор со Касами

Пред албанско знаме, Заев потпиша предизборен договор со Касами

СДСМ и Движењето БЕСА го официјализираа предизборниот договор за заедничко учество на предвремените парламентарни избори, закажани за 12-ти април. Зад нив стоеја знамињата на Република Албанија, додека договараа избори во Република Македонија.

Лидерите на СДСМ и на Беса, Зоран Заев и Биљал Касами ги усогласиле ставовите околу програмата.

Прв пат во историјата на независна Македонија се постигна предизборна коалиција меѓу албанска и македонска партија. Зад партиските лидери се вееја албански знамиња.

-За прв пат во нашата историја, Албанците градат вистинско партнерство со владејачката партија и тоа како целосен и рамноправен партнер да одлучуваат заедно за иднината на нашата земја, рече лидерот на БЕСА.

 

Најнови вести