петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Предупредување од УХМР за попладневно невреме во Скопје

Предупредување од УХМР за попладневно невреме во Скопје

Невреме се очекува поладнево во Скопје, со пороен дожд, електрични празнења и силен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Поради насобраната голема енергија во атмосферата и благо зголемената влажност над нашето подрачје, денеска во попладневните часови во северните делови ќе има услови за локално невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер над 70 километри на час и појава на град“, велат од УХМР.

Според информациите, во делови од Скопската Котлина ќе има услови за невреме со силен ветер, дожд, електрични празнења и појава на град.

Најнови вести