четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Премиерот им дели математички формули на новинарите

Премиерот им дели математички формули на новинарите

Премиерот им даде математичка формула на новинарите за да пресметаат кога ќе бидат разрешени и именувани министрите.

Премиерот Димитар Ковачевски им даде на новинарите математичка формула за да пресметаат колку ќе траат разрешувањата и именувањата нови министри во Собранието. Времето зависи од дискусиите што се водат.

Според формулата, ако седницата трае по 24 часа, три дена ќе требаат само за дискусиите, без реплики, контрареплики, паузи и слично.

„Во Собранието има мнозинство поголемо од сега. Не се развлекува дискусијата од моја страна. Колку ќе трае дискусијата зависи од бројот на дискутанти. Од опозицијата има голема заинтересираност, сите се пријавени. Ако 40 пратеници се пријават за секое разрешување и именување и тоа го помножите со десет и го добиете вкупниот број, па го поделите со 24, ќе пресметате за колку дена ќе заврши дискусијата под услов да се работи 24 часа“, објасни Ковачевски.

Денеска, продолжува собраниската седница за влезот на Алијансата за Албанците во Владата.

извор: makfax.mk

Најнови вести