петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Премиерот Ковачевски на средби со раководството на ЕУ

Премиерот Ковачевски на средби со раководството на ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски кој престојува во Брисел денеска треба да се сретне со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. До оваа средба требаше да дојде вчера попладне но беше одложена поради, според информациите на МИА, семејни причини од страна на претседателот на Европскиот совет. Ковачевски денеска исто така ќе има состанок и со претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен.

Премиерот Ковачевски вчера разговараше со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по што на заедничката прес конференција шефот на НАТО изјави дека Алијансата ја гарантира безбедноста на Северна Македонија и дека го чува македонското небо. Тие изразија загриженост поради тоа што Русија продолжува да го зајакнува своето воено присуство околу Украина.

Русија сега има повеќе од 100.000 војници стационирани во близина на северната и источната граница на Украина, што предизвикува загриженост дека би можела повторно да изврши инвазија како во 2014 година и да ја дестабилизира украинската економија. Руските власти негираат дека се планира инвазија.

Најнови вести