Премиерот Зоран Заев деновиве кажа дека првата стратешка инвестиција ќе биде фабрика за зелена енергија а за другите три се водат тешки преговори. Наспроти ова Заев во изминатите 2 месеци раскина 4 договори со странски инвеститори. Заев во своето гостување на Националниот сервис пред два дена откри детали за стратешките инвестиции во земјава. Станува збор за фабрика за зелена енергија, објави премиерот Заев.
– Меѓу другото, зборуваме и за Законот за стратешки инвестиции во државата. Четири се преговараат, едниот е договорен. Чекаме спогодба и ќе дојде тој Договор и во Собранието. Станува збор за фабрика за производство на зелена енергија. Ама, имаме уште три инвестиции кои што се преговараат. Тешко одат преговорите, но ќе се издоговорат деталите. Нови осум инвестиции, пак, покрај овие, се со веќе отпочнати иницијативи, рече премиерот Заев, откривајќи детали за стратешките инвестиции.
Наспроти ваквите тврдења на премиерот Заев во изминатите 2 месеци 4 странски компании ја напуштија Македонија. Наместо нови странски инвестици, инвеститорите ја напуштаат Македонија. Владата пред една недела раскина уште два договора за инвестирање во Тирз во Бунарџик.
Од почетокот на пандемијата раскинати се вкупно 4 договори. Последните две се турски компании кои договори потпишале пред две години. Станува збор за Џемдаг Лајтенинг, компанија која произведува светилки за улично осветлување и Доган Отомотив која е производител на резревни делови за автомобилската индустрија. Претходниот месец Владата раскина договори со уште две компании, германски Кеслер и албански Саген кои не почаа со градба во Бунарџик.