Поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски се претепани во притворското одделение на затворот во Шутка.
КУРИР побара одговори од Управата за извршување санкции и од канцеларијата на Народниот правобранител, но од двете места ни кажаа дека во 16 часот им истекло работното време и детали за случајот одбија да дадат.
Директорот на Управата Јовица Стојановиќ, во телефонски разговор за КУРИР вели дека е запознаен со случајот, но информации ќе има во текот на утрешниот ден.
-Дознав дека имало инцидент во притворското одделение. Кој бил учесник, јас не знам. Сега е завршено работното време, утре ќе пратам луѓе да го истражиме случајот, рече Стојановиќ во изјава за КУРИР.
Побаравме одговор и од канцеларијата на Народниот правобранител.
-Службите за односи со јавност работат до 16 часот. Побарајте ги утре после 8, ни одговорија од таму.