среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Претседател на Собрание без дамка во кариерата и успешни министри само во Северна можат да бидат терористи

Претседател на Собрание без дамка во кариерата и успешни министри само во Северна можат да бидат терористи

Каква ни е државата, такво ни е и судството. Државата обезличена, со сменето име преку два политички потписи, без напредок во ниту еден сектор, сиромашна, оспорувана, газена, предмет на трговија. Судството ја следи во секој епитет.

Одекна пресудата за “терористите“ на 27-ми април. Сите видовме што се случи тој ден, но не бевме сведоци на ниту еден доказ, туку на претпоставки и изјави од сведок без трошка кредибилитет.

За да можеме да анализираме кој и за што беше осуден, треба да знаеме кои се всушност Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески.

Трајко Вељаноски

Трајко Вељаноски по професија е правник. Како политичар, станува осмиот по ред претседател на Собранието на Република Македонија. Должноста ја вршел од 2008-ма до 2016-та година. Во Собранието ги вршел и должностите како претседател на комисијата за уставни прашања и шеф на делегација на Собранието на Македонија во интерпарламентарната унија.

Во 1999-та година е избран за потсекретар во Министерството за правда на Владата на Република Македонија, каде што набргу станува и заменик – министер. Притоа, посебено е активен во подготвувањето на закони, но има и активно учество во процесот на нивното донесување во Собранието и собраниските работни тела. Исто така, учествува во подготвките на повеќе меѓународни билатерални и мултилатерални договори, како и учество на меѓународни средби, коференции и семинари.

Во овој период е и член на Комисијата за претставки и предлози на претседателот на Република Македонија, а исто така е член и на Управниот одбор на Центарот за европски интеграции. Во повеќе изборни циклуси, како што се претседателските, парламентарните и локалните е ангажиран како член на Државната изборна комисија.

На парламентарните избори во 2006-та година, Трајко Вељаноски е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и во тој мандатен период до април 2008 година е претседател на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. На изборите во јуни 2008-ма година повторно е избран за пратеник, а на конститутивната седница на новиот собраниски состав е избран за претседател на Собранието на Република Македонија.

Осум години седи на претседателското столче во македонското Собрание. Се сменија низа пратеници, се донесоа безброј закони и измени на закони. Вељаноски во целиот овој период нема дамка во својата кариера. На последната седница со која тој претседава одбива да го прекрши деловникот, останува професионалец до крај, а подоцна поради ова е прогласен за терорист. На пресудата ќе се вратиме подолу во овој текст.

Спиро Ристовски

Македонски политичар, по професија правник. Додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, тој е на челото на две важни институции. Беше министер за труд и социјална политика во периодот 2011–2013, а министер за образование и наука во периодот 2013-2014 година.

Неговите мандати се одбележани со многубројни проекти. Не правеше никаков компромис кога интересите на граѓаните се во прашање.

На 10-ти јули 2014-та година бил назначен за заменик министер за образование и наука и оваа функција ја извршувал до 31-ви мај 2017-та.

Спроведува и реализира бројни проекти и реформи почитувајќи ги сите вредности во општеството. Најкритикуван е кога промовирајќи ги своите ставови јасно дава на знаење дека нема да поддржи склопување на геј бракови и нема да дозволи истополовите двојки да посвојуваат деца. Тоа беше единствен пат да се реагира јавно против него, кога невладини организации вербално го нападнаа поради изјавата дека “бракот е заедница меѓу маж и жена и за ова прашање отстапки нема да има се додека е ВМРО-ДПМНЕ на власт“.

Миле Јанакиески

Цели 9 години ја извршуваше функцијата министер за транспорт и врски. На ова место доаѓа во август 2006-та и останува до мај 2015-та година.

Дипломирал менаџмент и бизнис админстрација на Американскиот колеџ во Солун во 2001-ва година. Јанакиески до изборот за министер бил генерален директор на ЈП Водовод и канализација-Скопје од август 2005 година.

Од 2001 до 2004-та извршувал функции на сектори во министерството за финансии, каде што од ноември 2001-ва до ноември 2002 година бил советник, а потоа и шеф на кабинетот на министерот за финансии.

Бил претседател на асоцијацијата за водовод, канализација и пречистување на урбани отпадни води.

Ова е профилот на тројцата политичари кои работеле во Република Македонија. Во некоја нова, на политички потписи создадена држава – Северна, овие луѓе се терористи!

Скандалозни пресуди

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски е осуден на шест години и шест месеци затворска казна, поранешните министри за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, на шест години и три месеци, а поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, на шест години.

„Виновни се затоа што по неуспешните преговори за формирање Влада, изготвиле план со намера да го загрозат уставниот поред и безбедност на Македонија со акти на насилство за да не се предаде мирно власта. Како отежителни околности се тежината на кривичното дело е позицијата на обвинетите, умислата на обвинетите, општествената опасност од таквиот вид кривични дела бидејќи се повреди сржта на претставничката демократија, степенот на кривична одговорност кои делувале како организатори, што се посегна по редовното функционирање на Собранието. Според судот, овој кривично правен настан е плански мотивиран, смислен, реален за да се зачува власта“ – изјави во својата пресуда судијата Илија Трпков.

Не обелодени ниту еден доказ дека направиле сериозно кривично дело, кое по ниту еден основ не може да се карактеризира како тероризам. Но, јасно покажа како функционира судскиот систем во моментов.

Кривичен суд донесе одлука да им определи куќен притвор на четворицата неправосилно осудени, откако претходно поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, реагираше на барањето на Обвинителството да биде однесен во притвор во истражниот затвор Скопје.

„Секој ден ме чуваат над осум полициски службеници и секое возило што влегува и излегува од мојата зграда е детално претресено. Бидејќи е топло, полицајци стојат во ходник и сум по 24-часовен надзор. Имам многу предмети за кои треба да се спремам и нечовечки ќе биде по четврти пат да се носам од дома до Шутка. Пет години сум под мерки и мислам дека нема потреба од притвор”, рече Јанакиески.

Судењето траеше година ипол и се одвиваше во услови на пандемија.

Обвинителката Вилма Русковска во последен момент го смени обвинението и сакаше да ги направи организатори и на протестите пред Собранието што реално никако не можат да бидат бидејќи протестите си имаа уредно пријавени организатори.

Не е јасно ЗА ШТО се осудени

Адвокатот на одбраната, Еленко Миланов вели дека по пресудата останува нејасно за што е донесена таа, дали за тоа што се случило на 27 април или за протестите на „Заедничка Македонија“.

„Во образложението никаде не слушнав ниту еден факт за дејствија на кој било од моите тројца штитениците за датумот 27-ми април. И оваа пресуда покажа дека имаме дежурни сведоци, дежурни лица кои даваат искази и се главни за сите предмети, тоа е Александар Василевски Нинџа на кога уште еднаш му се поклонува верба и покрај сите факти што си изнесе одбраната“, рече адвокатот кој најави жалба на пресудата.

Кривичното дело кое им се става на терет е „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Едниот во тој момент водел седница, не паѓајќи под притисок да го прекрши деловникот. Екс-министрите, според пресудата, во тој момент пратиле неколку пораки по Вибер. За тоа се виновни тројцата.

Во каква држава може да има ваква пресуда? Само во ваква, како нашата сега. Во Северна.

Најнови вести