вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Преживеаните хоспитализирани пациенти остануваат до петок на болничко лекување во Пригов, се прави план за нивен транспорт во Скопје

Преживеаните хоспитализирани пациенти остануваат до петок на болничко лекување во Пригов, се прави план за нивен транспорт во Скопје

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, утрово разговараше со д-р Иван Поромански, директор на болницата Пирогов во Софија, каде се хоспитализирани седумте пациетни кои ја преживаеја страотната сообраќајка која се случи вчера утрото на магистралниот пат „Струма“ на потегот Софија – Благоевград.

Сите пациенти се стабилни и се под постојан лекарски надзор, а дадена им е и психолошка поддршка. На двајца пациенти им е извршен хируршки зафат, еден е опериран на ногата, а помал хируршки зафат е извршен кај девојка, на која и е оперирано коленото, тие се чувствуваат добро.

Сите седум пациенти ќе останат на болничко лекување до петок, а потоа ќе се направи план за нивен транспорт во Скопје.

Најнови вести