Теренскиот прирачник на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) за болеста „јазлеста кожа“ отсега е достапен и на македонски јазик.
Прирачникот е преведен и на албански, српски, англиски, руски и турски јазик, а наскоро се очекува да биде достапен и на украински и на романски јазик.
Од ФАО денеска соопштија дека печатени примероци од прирачникот се дистрибуирани меѓу ветеринарните служби на Балканот и наскоро ќе бидат испратени до осум земји во Источна Европа и Централна Азија кои се изложени на ризик за болеста.
Прирачникот треба да им помогне на стручните лица во превенирањето и контролата на оваа болест кај говедата која од 2015 година зема замав во Европа.
– Со потекло од Африка, болеста чвореста кожа има кратка историја во Европа, но се прошири на Балканот, Кавказот и Руската Федерација, и се заканува да се прошири на исток кон Централна Азија. Сепак, многу ветеринари во областа не се запознаени со клиничката слика на болеста, начините на пренесување, како и опциите за превенција и контрола. За време на епидемијата на болеста, брзата реакција е од клучно значење, велат од ФАО.
Покрај ова, ФАО минатата година спроведе и програма за обука на обучувачи во Македонија за болеста „син јазик“ наменета за државни и приватни ветеринари кои работат на терен.