среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пристигнуваат 24.000 вакцини на „АстраЗенека“: Ќе го одржи ли Филипче зборот да се вакцинира за да ги увери граѓаните во безбедноста?

Пристигнуваат 24.000 вакцини на „АстраЗенека“: Ќе го одржи ли Филипче зборот да се вакцинира за да ги увери граѓаните во безбедноста?

На 28 март во државава ќе пристигне првата пратка од 24.000 вакцини на „Астра Зенека“ преку Ковакс системот, со што, како што најавија властите, треба да почне вакцинацијата на населението.

-Оваа недела на 28 март, во 07:55 часот во Скопје пристига првата пратка од 24.000 вакцини на „Астра Зенека“ преку Ковакс системот, објави синоќа на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Како што изминатите денови најави Филипче, во април се очекува да стигнат поголеми количини вакцини и од Кина и Русија.

По низата објави кои излегоа во светските медиуми за несакани ефекти на вакцината на „АстраЗенека“, ЕМА потврди дека е безбедна откако спроведе анализа.

Филипче, на 19 март годинава, на прес-конференција беше прашан од медиумите дали како министер за здравство и некои други политичари први ќе излезат да се вакцинираат со „АстраЗенека“ за да ги уверат граѓаните дека е безбедна.

-Имајќи предвид дека скепсата сега е најголема во однос на таа вакцина, да дефинитивно, одговори Филипче.

Тогаш тој истакна дека ги уверува граѓаните дека буквално секоја вакцина која е сега присутна или дополнително ќе влегува во нашата земја ќе биде безбедна за користење.

-ЕМА ги демантираше сомнежите и потврди дека нема никаква директна причинско-последнична врска помеѓу тие несакани ефекти и вакцината. Затоа сега во сите европски земји кои привремено ја запреа вакцинацијата, продолжи. Вакцината на „АстраЗенека“ и според нашите сознанија и деталните анализи на публикациите кои излегуваат се дека сите вакцини кои ќе пристигнат се безбедни и служат за вистинската цел за која треба, а тоа е да спречат смртен случај од болеста или тешка форма на болеста, нагласи Филипче.

Инаку, во тек е вакцинација против Ковид-19 на здравствените работници. Според податоците објавени на сајтот kovid19vakcinacija.mk , досега вакцина против Ковид-19 примиле 6 940 здравствени работници, а вкупно пријавени граѓани за вакцинација преку сајтот vakcinacija.mk се 111.285.

Најнови вести