понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Притворено лице во затворот во Шутка е позитивно на коронавирусот, шверцувал мигранти

Притворено лице во затворот во Шутка е позитивно на коронавирусот, шверцувал мигранти

Вчера е притворено лице за шверц на мигранти во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари кое било позитивно на коронавирусот, дознава Нетпрес.мк од свои извори.

Информацијата ја потврди директорот на затворот „Скопје“ Есад Рахиќ кој рече дека лицето веднаш било изолирано, за да не бидат загрозени вработените и притворените лица, затоа што тоа е затворен систем.

Рахиќ истакна дека денеска лицето ќе биде препратено во соодветните институции за негов понатамошен третман, иако нема изразени симптоми на Ковид-19.

Веднаш е направена дезинфекција на просториите во затворот.

Најнови вести