четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Продолжува предизборната кампања: Носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ на средби со граѓаните

Продолжува предизборната кампања: Носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ на средби со граѓаните

Носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе остварат средби со граѓани и ќе дадат изјава за медиуми во следните населени места:

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ја посети Пласница во 17:00 часот, Македонски Брод во 18:30 часот, Кичево во 20:30 часот.

-Носител на ИЕ 1, проф. д-р. Гордана Силјановска Давкова во 13:00 часот ќе оствари средба и прошетка преку Плоштад Македонија, Камен Мост со кандидатот за пратеник од ИЕ 2 Рашела Мизрахи, каде што е прeдвидено да биде дадена изјава во 13:15 часот во паркот пред Музеј на Македонската борба.

Во 18:30 часот митинг во општина Македонски Брод со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

– Носител на ИЕ 2, Владо Мисајловски изјава за медиуми во 14:30 од село Гузинци, Старо Нагоричане

-Носител на ИЕ 3, Игор Јанушев, ќе оствари средба со жителите на општина Чашка во 21:00 часот.

Носител на ИЕ 4, Александар Николоски, ќе оствари средба со жителите на општина Радовиш, Ораовица во 19:30 часот.

– Носител на ИЕ 6, Дафина Стојаноска, во 11:30 часот во Тетово ќе оствари средба со Здружение на лица со инвалидитет, локација во близина на ресторан Принц, при што е предвидено да биде дадена изјава за медиуми веднаш по завршување на настанот во 12:00 часот.

Во 19:00 часот е предвидено да даде изјава за медиуми заедно со коалицискиот партнер Фуркан Чако, локација Тетовчанка.

Најнови вести