понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Проект на ЦУК за намалување на ризици од катастрофи

Проект на ЦУК за намалување на ризици од катастрофи

Во рамките на техничка соработка која се остварува меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Јапонија, Центарот за управување со кризи и Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (JICA), денеска ќе го презентираат проектот за градење на капацитети за Екосистемски-базирано намалување на ризици од катастрофи (Еко-НРК) преку одржливо управување со шумите во Република Македонија.

Целта на овој проект е преку употреба на повеќекорисната вредност на шумите, односно зајакнување на нивната заштитна функција, на долгорочна основа, во Република Македонија да се намалат ризиците од поројни поплави, лизгање на земјиштето, ерозија на почвата и шумските пожари.

Како главен спроведувач на проектот од страна на Владата на Република Македонија ќе биде Центарот за управување со кризи, во партнерство со ЈП “Македонски шуми”.

МИА

Најнови вести