среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Професионалните војници уште еднаш понижени: Славјанка Петровска не сака да ни го реши проблемот, а преку наш грб си тера партиски препукувања!

Професионалните војници уште еднаш понижени: Славјанка Петровска не сака да ни го реши проблемот, а преку наш грб си тера партиски препукувања!

Продолжува негрижата кон професионалните војници. Низата ветувања на оваа Влада тапкаат во место, а наместо да дојде до нивно решавање надлежните на чело со министерката за одбрана, Славјанка Петровска, тераат партиски препукувања.

Откако КУРИР го обелодени овој проблем, одговор на нашите прашања добивме и од Министерството кое прстот го впери кон опозицијата иако нивна работа и должност е да го решат проблемот.

Го пренесоваме нивниот одговор:

„Новиот Независен синдикат на професионални војници СО предводен од Александар Насковски го има истото барање. Министерката ја поздравува иницијативата на овој Синдикат, да испрати писма до Собранието и да ги потсети пратениците од опозицијата дека нивната иднина не треба да се блокира поради партиски интереси. Владата и Министерството за одбрана одлучно излегоа во пресрет и понудија решение за отпремнина во Законот за служба кое никогаш претходно не било понудено, а на кое очигледно сите професионални војници со 45 години чекаат со нетрпение, но опозицијата реши тоа решение, заедно со другите поволности за припадниците на Армијата што ги предвидува Законот, да ги блокира. Доколку опозицијата продолжи да го блокира овој Закон, министерката Петровска ќе предложи ново решение.

Обрнуваме внимание дека по назначувањето министерката за одбрана започна дијалог со сите синдикати во одбраната за кои се разговара за сите прашања од интерес за професионалните војници, Армијата и одбраната.

Можноста за избор на отпремнина, професионалните војници со навршени 45 години можеа да ја користат уште пред една година, но таа е блокирана од опозицијата. Уште еднаш апелираме до опозицијата да ги поддржи решенијата во Законот и да не го попречува решавањето на ова важно прашање“ – ни рекоа тогаш од Министерството за одбрана.

Но, сега се покажа дека овој одговор бил само “мачкање на очи“ бидејќи самата власт одлучи по ова прашање воопшто да не се расправа и одлучува во Собранието.

Независниот синдикат на професионални војници (НСПВ) реагираше по низата обиди Владата да го слушне и реши нивниот проблем. Единствено со што се соочуваат во обидот да си го добијат тоа што им припаѓа, е игнорантскиот однос на министерката Петровска. Но, сега се соочија и со ново понижување.

Претставникот на професионалните војници вчера повторно ја контактираше редакцијата на КУРИР, а нивната реакција можете да ја проследите во продолжение:

„Само неколку дена поминаа откако министерката за одбрана г-ѓа Славјанка Петровска изјави дека опозицијата го блокира предлог законот за измени и дополнувања за Законот за служба во Армијата, за денес од пратеник од Собранието да слушнеме со изјава дека законот е скокнат на дневен ред и повторно не е ставен пред пратениците за гласање. Тука следува прашањето – Дали професионалните војници служат како предмет за партиски препукувања околу донесување на законот , и сето одолговлекување оди само на штета на самите војници кои одамна го чекаат донесувањето на овој закон ?! Поднесовме барање до скоро сите политички партии од собранието на Македонија и апелираме до сите нив да се изгласа член 2 од предлог законот кој се однесува на професионалните војници. Професионалните војници не ги интересира кој е позиција кој е опозиција, тие служат на сите граѓани на државата, затоа не дозволувајте да се игра со нивната судбина и со ова законско решение кое од големо значење на секој војник. Затоа пак ги потсетуваме сите пратеници во Собранието која им е нивната обврска, за што се избрани од граѓаните и за што се платени од граѓаните“.

СДСМ, партија од која доаѓаат и актуелната министерка Славјанка Петровска и нејзината претходничка Радмила Шеќеринска, е на власт цели шест години. Исто толку време тие селектираат со кого ќе остварат средби и чии барања и потреби ќе ги земат предвид. Ваква селективност и игнорантски однос не заслужиле професионалните војници во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ која е обвинета од страна на власта дека го бојкотира овој предлог-закон, всушност е најголем критичар на ваквиот однос од страна на Министерството за одбрана кон војниците. На собраниска седница, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески, го обелодени проблемот.

-Комисијата за одбрана и безбедност како матично тело и законодавно-правната комисија немаат свикано седници иако материјалот ги исполнува сите услови. Затоа замолувам, кога устите ќе ви бидат полни дека опозицијата блокира имајте предвид дека законски решенија кои што одат од опозицијата не се ставаат намерно на дневен ред, рече тој.

Според информациите КУРИР ГИ ОБЈАВИ минатата недела, министерката остварила средба со дел од професионалните војници кои се подготвувале да излезат на протест, но никој од Независниот синдикат, дури ни претседателот, не бил поканет на средбата.

НСПВ во изминатиот период поднесе барање до министерката Петровска каде што беа побарани итно решавање на одредени проблеми во Министерството за Одбрана, како што е предлог законот за еднократна испратнина на професионалните војници по навршување на 45 години возраст. Од неа одговор немаат добиено.

Најнови вести