четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Професор Аднан Ќахил: Турците се лојални граѓани на Македонија, но треба да имаат свое влијание при носење на одлуки што ги засегаат односите со Р. Турција

Професор Аднан Ќахил: Турците се лојални граѓани на Македонија, но треба да имаат свое влијание при носење на одлуки што ги засегаат односите со Р. Турција

Турците во Македонија, без исклучок, секогаш ја потврдуваат својата лојалност кон Македонија. Исто така, граѓаните турци се нераскинлива врска со Р.Турција. Но само по себе, се наметнува прашањето, дали секогаш тоа е така, јас велам не, за тоа има многу аргументи. Во последно време владата на Р.М преку своите министри носи одлуки кои се во спротивност, на декларираната одлична меѓудржавна политика. Изгледа меморијата на оваа влада е избледнета и би требало да потсетам на неколку факти, пишува во својата објава професорот Аднан Ќафил.

1. Р.Турција меѓу првите ја призна независноста на Р.Македонија и прва воспостави дипломатски односи.

2. Го бранеше уставното име на Р.М, на сите официјални и неофицијални настани, секаде каде беше потребно.

3. Во НАТО, секогаш ни се обраќаше како Р.М и со фус-нота даваше забелешка за нашето име, кога сите беа против на нашето уставно име.

4. Целосно ги подржуваше, евроатланските интеграции на Македонија, и се бореше за нас и во наше име.

5. Потпиша спогодба за стратешко партнерство со Р.М по ветото за членство во НАТО во 2008 год.

6. Секогаш Р.Турција, но и невладините организации на оваа држава (на пр. Тика и др.), ни помагаа, доделувајќи финансиска, техничка, здравствена, образовна и секаква друга помош во нормални услови, но и во критични времиња.
Сето наведено е само мал дел од безрезервната подршка на Р.Турција кон Македонија, без никаков интерес, без позадина и со голема братска љубов.

Последниот настан, од пред неколку дена, покажа дека Р.Турција, Турскиот народ и почитуваниот претседател Реџеп Таип Ердоган продолжуваат без застој да помагаат. Овојпат со помошта што ни ја испратија за борба со корона вирусот, покажаа дека хуманоста е во преден план од нивна страна.

За жал, размислувањата и делувањето на оваа влада очигледно се променети, во однос на Р. Турција и со нова матрица се влегува во нова (негативна би рекол) билатерала. Овие аргументи што следат, се само мал дел од нашето непринципијално однесуванје кон Р. Турција.

1. Во ноември, во време кога премиер беше Зоран Заев се носи одлука, за приклучување кон санкциите на ЕУ спрема Турција, поради “истражувањата на наоѓалиштата на природен гас во медитеранот”.

2. Откако Македонија стана членка на НАТО, министрите се заблагодарија, без малку, на сите земји (членови или аспиранти) за подршката. Намерно или случајно се изостави Р. Турција, која во овој процес беше најголем наш подржувач.

3. Ако во власта партипицираат две турски партии, како е возможно министерот за надворешни работи да ја прими пратката без министер од турска националност? Каде е министерот? Кој треба да ги брани интересите на граѓаните турци.
Очигледно дека министерот од турска националност ниту учествувал, ниту го прашале, ниту пак реагирал за сето погоре напишано.

Во нормални околности, овдешните турци треба да имаат свое влијание при носење на одлуки што ги засегаат односите со Р. Турција. Се запраша ли владата што мислат тие за овие санкции?

Јас можам да бидам против овие партии, но факт е дека тие треба да бидат прашувани консултирани и да учествуваат во креирањето на владините проекции, особено кога се работи за турците во Македонија.

Одличните врски со Р. Турција, не би требало да се нарушат со брзоплети и ненавремени политички одлуки, поради интереси (не знам какви!!!) на некои министри од владта, или пак целата влада.

Немање сопствен став во однос на ваквите ситуации, ќе ги стават нашите национални интереси во ќор сокак, во однос на билатералните корелации со Р.Турција, реагира преку Фејсбук професорот Аднан Ќахил

.

Турците во Македонија, без исклучок, секогаш ја потврдуваат својата лојалност кон Македонија. Исто така, граѓаните турци…

Gepostet von Prof Dr Adnan Kahil am Dienstag, 14. April 2020

Најнови вести