четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Професорите алармираат: Апетитот на Грција расте, целта е да се избрише македонскиот идентитет

Според професорот Јовановски, никаква референца нема да го реши спорот со името, бидејќи најголем проблем од почетокот на преговорите е македонскиот идентитет.
Професорите алармираат: Апетитот на Грција расте, целта е да се избрише македонскиот идентитет

Aпетитите на Грција во спорот со Македонија постојано се зголемуваат. Последниот предлог на медијаторот Нимиц е убедливо најлош досега за нашата земја, бидејќи во неговата суштина се напишани само грчките барања, констатираа учесниците на научната трибина посветена на името и идентитетот, пренесува Сител.

Дел од членовите на академската заедница сметаат дека целиот процес на преговори со Грција претставува една обична лакрдија, која доколку веднаш не престане, ќе има трагичен епилог за Македонија.

Професорската фела не претставува никаков фактор на влијание во соспствената држава, бидејќи оние кои 25 години не учат на демократија и партиципација, не прифаќаат никакви сугестии.

Според професорот Јовановски, никаква референца нема да го реши спорот со името, бидејќи најголем проблем од почетокот на преговорите е македонскиот идентитет.

Јавните политики кои имаат за цел избегнување на штетните последици од решението на овој спор, многу повеќе треба да се креираат и да се реализираат врз основа на научни постулати.

Целиот прилог на оваа тема, погледнете го во видеото на СИТЕЛ

Најнови вести