Професорите алармираат дека крајниот резултат на оваа учебна година во која поголемиот дел од учениците следат настава од далечина, а мал дел од учениците следат настава со физичко присуство и тоа со скратени часови, може да биде речеси неписмени уценици.
Професорот Авзи Мустафа предупредува дека може да имаат поголеми последици учениците кои оваа година поминаа во трето одделение и кои не успеаја да ги стекнат потребните вештини за писменост, односно да го совладаат читањето и пишувањето. А, сега со оглед на тоа што има скратени часови, наставниците немаат доволно време да им посветат на учениците за да ги надминат овие проблеми.
-Кога започна онлајн наставата, за оние што беа во второ одделение кога се учат основите на пишување и првично читање, резултатот не беше постигнат, тие останаа на такво ниво. Ќе имаат многу лош ракопис, нема да ги знаат буквите. Потоа, кога ќе започне наставата на странски јазици, наставата на македонски јазик, ќе имаме несогласување помеѓу учењето на мајчиниот јазик и другите јазици што учениците ги учат. Ќе имаме неуки ученици, со лош ракопис и функционална неписменост, вели професорот Мустафа во изјава за телевизија Алсат.
Тој проценува дека најдоброто решение би било наставата да започнеше по завршувањето на есенскиот бран на коронавирусот, со физичко присуство за сите ученици, со редовна настава без кратење на часовите.
-Немаме култура да работиме со ученици дома. И, оваа онлајн настава каде се одржува од страна на учениците, никој не знае. Може да бидат на пазар, во автобус, да ги отвораат мобилните телефони и од таму да дадат одговори. Кога немаат одговор, се обидуваат на некој начин да се кажат дека интернетот не е во ред, не те слушам, го исклучува и ова доведува до штета на генерациите, додава проф. Мустафа.
И покрај овие поплаки кои доаѓаат од најзасегнатите страни и на оние кои што директно се вклучени во образовниот процес, реакција од Министерството за образонание наука нема речиси никаква.
Министерката Мила Царовска милува да кажува колкав е процентот на учениците кои што следат онлајн настава. Таа пред некое време рече дека настава од далечина следат околу 87% од учениците, без притоа да образложи каков е ефектот и кои се проблемите со кои се соочуваат и наставниците и учениците во процесот на едукација.
Имено, вреди да се спомене и бројката од 40 илјади ученици кои останаа надвор од образовниот процес затоа што немаат нокаков ИТ уред за следење на онлајн наставата и за кои МОН и власта не се обидоа да најдат соодветно решение за да ги вклучат овие ученици во образовниот систем.
Еден период од власта најавуваа дека на овие деца ќе им обезбедат компјутери во април месец, односно што му доаѓа на самиот крај на учебната година.