Со пораката „Правда за Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Трпковски и Борче Стевковски“ денеска во 13 часот ќе започне протест пред Основниот суд Скопје 2 во Скопје.
Првиот протест на „Правда за Монструм“ се одржа на 26 април, а граѓаните на тогашниот протест јавно му порачаа: „Спиеш ли мирно Заев. #Монструм“, „Правда за жртвите, затвор за монструмите“. „Колку субвенции земаа монструмите?“, „Заев, дали и ти ги сонуваш жртвите од Смилковско?“.
Ова беа само дел од пораките кои ги испратија граѓаните кои протестираа пред Судот барајќи правда за жртвите убиени кај Смилковското езеро во 2012-та година.