понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Рама и Баша со сочувство за настраданите во сообраќајната несреќа

Рама и Баша со сочувство за настраданите во сообраќајната несреќа

Албанскиот премиер Еди Рама изрази искрено и длабоко сочувство за настраданите во сообраќајната несреќа во која 46 лица, главно македонски државјани го загубија животот.

Во објава на Фејсбук, Рама овој трагичен настан го опишува како „огромна болка“ и вели дека нема збор за трагедијата каде животот го загубија речиси сите патници.

– Нема зборови на утеха за трагедијата на автобусот од Северна Македонија во Бугарија, каде што животот го загубија речиси сите патници. Огромна болка, напиша Рама.

И лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, изрази длабоко сочувство до семејствата на настраданите, а на повредените им посака побрзо закрепнување.

– Шокиран сум од страшната трагедија во Бугарија која предизвика загуба на толку многу животи на патници, меѓу кои и многу наши сонародници, меѓу кои и многу малолетници. Длабоко и искрено сочувство до семејствата на загинатите. Господ да им даде сила да се соочат со оваа страшна болка, пишува Баша.

Најнови вести