недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Рама повторно стана хит и тоа среде Скопје – додека Ковачевски носеше кондури, еве како се појави премиерот на Албанија во македонската влада (ФОТО)

Рама повторно стана хит и тоа среде Скопје – додека Ковачевски носеше кондури, еве како се појави премиерот на Албанија во македонската влада (ФОТО)

Премиерот на Албанија Еди Рама на денешната заедничка меѓувладина седница владите на Македонија и на Албанија се појави во црни „Адидас“ патики и темен костум.

Рама и понатаму останува доследен на својот стајлинг, а со овој „аутфит“ се појавува речиси постојано на официјалните средби, а често комбинира и со бели патики.

Фото: П. Стојановски

По официјалниот пречек на премиерот Еди Рама во Скопје ќе следува заедничка меѓувладина седница на владите на Северна Македонија и на Албанија. На меѓувладината седница ќе се одржи и церемонија на потпишување на договори и меморандуми од страна на министрите на двете влади со цел продлабочување на соработката меѓу двете земји.

По официјалната средба на делегациите на двете влади, ќе следува прес-конференција на која ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски и неговиот албански колега Еди Рама.

Најнови вести