вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Распука бетонот на Заев: Се фали со добиено признание кое нема никакво значење во меѓународниот свет (ФОТО)

Распука бетонот на Заев: Се фали со добиено признание кое нема никакво значење во меѓународниот свет (ФОТО)

Претседателот на СДСМ Зоран Заев доби награда која ништо не значи во меѓународниот свет.

Тој на својот Фејсбук профил сподели статус во кој пишува дека ова признание пристигнува токму денес кога одбележуваме 2 години од потпишувањето на срамниот Договор од Преспа.

– Огромна благодарност до Фондацијата Фридрих Еберт – Friedrich-Ebert-Stiftung, за честа, но и одговорноста, што ја добив престижната Награда за човекови права за 2020 година, напиша Зоран Заев на својот ФБ профил.

Огромна благодарност до Фондацијата Фридрих Еберт – Friedrich-Ebert-Stiftung, за честа, но и одговорноста, што ја добив…

Gepostet von Zoran Zaev am Mittwoch, 17. Juni 2020

Ова признание пристигнува токму денес, кога одбележуваме 2 години од потпишувањето на Договорот од Преспа, „за придонес кон мировната политика, заснована врз склучување на Договорот за пријателство со Бугарија во 2017 година и Преспанскиот Договор со Грција во 2018 година. Со тоа конечно, после 27 години, решена е блокадата на Северна Македонија за членство во НАТО и почетокот на преговорите за пристапување во ЕУ“ како што стои во нивното соопштение – www.fes.de/menschenrechtspreis. – сподели Заев.

Продолжуваме да се бориме на граѓаните да им овозможиме европска иднина и слободно и отворено општество, порача Заев.

Признанието кое го доби денеска Заев за споредба е исто како да неговата партија (општинска организација од Скопје) и додели награда на (општинска организација на СДСМ во Струмица).

Ова е јасен доказ дека бетонот на Заев веќе испука и дека оваа награда е само „замачкување“ очи на граѓаните пред изборите на кои јавноста смета дека тој ќе доживее дебакл.

Најнови вести