вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Ребаланс за повеќе пари за мебел и возила, за сметка на нови давачки за граѓаните“

„Ребаланс за повеќе пари за мебел и возила, за сметка на нови давачки за граѓаните“

Ова е ребаланс за дополнително празнење на веќе празните џебови на граѓаните, за сметка на луксузирање на распашаната Влада. Ова е ребаланс со кој за 2 и пол пати се зголемуваат трошоците за мебел за функционерите и институциите. Ова е ребаланс со кој се зголемуваат трошоците за возила, додека на граѓаните им велат да одат пешки за да ја зачуваат животната средина. Ова е ребаланс со кој на граѓаните им се воведува кризна таканаречена „зелена“ давачка, а притоа министерот за финансии вчера најави и нов „зелен“ данок за фирмите, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на обраќањето на Димитар Ковачевски.

– Она што фали во овој ребаланс фали се капиталните инвестиции. Иако Власта се фали дека се на историски највисоко ниво: од една страна не може да ги реализира, за пола година успеала да реализира само 27%, а од друга страна крати на инфраструктура, односно кај Министерство за транспорт и врски крати на капиталните расходи. Каде се капиталните расходи со кои се фали Владата? Во што ќе инвестира, прашуваат од партијата.

ВМР0-ДПМНЕ посочува дека со овој ребаланс долгот ги проби сите плафони и е лансиран во стратосферата.

– Милијарда и пол евра се задолжува владата само годинава. Над 7 милијарди е долгот сега. Ова се генерации и генерации кои ќе мораат да го плаќаат денешното луксузирање во време на криза. Интересно, ниту министерот за финансии Бесими немаше храброст да го брани овој ребаланс во Собрание, туку го прати заменикот од СДСМ, додаваат од партијата.

Најнови вести