Започна регионалниот отчет „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“ на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ,
Настанот се одржува во Охрид, а предвидено е обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
На настанот отчет за сработеното ќе дадат:
-Градоначалникот на општина Охрид- Кирил Пецаков
-Градоначалникот на општина Демир Хисар – Никола Најдовски
-Градоначалникот на општина Вевчани – Спасе Кочовски
– Градоначалникот на општина Македонски Брод – Жарко Ристески
– Градоначалникот на општина Јегуновце – Димитар Костадиновски
– Градоначалникот на општина Брвеница – Јовица Илиевски