Заради настанатата криза со ковид-19, најголемите бродски компании за крстарење ги затворија своите бродови за гости уште од 12-ти март. Како резултат на новонастанатата ситуација, се појави потреба од репатријација на најголем дел од морнарите/вработените кои работеа на овие бродови.
Македонија, како и сите останати балкански држави има значаен број на млади кои работат за светски најреномираните компании. Една од нив е и Американската компанија Royal Caribbean Cruise Line (која има 47 бродови) и која важи за лидер во оваа силна индустрија.
Изминативе два месеци, често доаѓаа информации дека бродовите се наоѓаат во независна положба заради затворањето на пристаништата и аеродромите ширум светот. Таму каде што светот застана со почетокот на кризата, застанаа и обидите на бродските компании да ги вратат дома своите вработени кои се на принуден одмор.
Во Македонија досега преку различни форми на патување преку други држави и аеродроми, успешно се вратија повеќе од 300 македонски морнари.
Доаѓањето на авионот со 291 морнар во Скопје е резултат на Македонската компанија Коузон, која повеќе од 20 години е партнер на бродската индустрија и е најголема агенција за вработување на морнари во Источна Европа. Сепак, најголемата заслуга за остварување на оваа хумана прикаска е на амбасадорот Ивица Боцевски, кој подолг период е целосно внесен во репартијацијата на нашите монари. Еден од нив напиша и дека треба да му изградат споменик за напорот кој тој го вложил во случајот со македонските морнари, подавајќи им рака во најтешките моменти.
„ Тој со сите расположливи дипломатски контакти ширум светот, постојано правеше притисок со упатување на голем број протесни ноти до бродските компании како и нивните главни менаџери.
Еден од нив бев и јас, кој од 25-ти Март до 5-ти Мај бев заглавен на еден Бахамски приватен остров на бродската компанија Ројал Карибијан. Немоќта да се најде начин за да ме испратат дома, од страна на главните и одговорни луѓе на компанијата како и преголемото ангажирање на Господинот Боцевски придонесе до големи пофалби и честитки од страна на челните луѓе во компанијата. На истите нив не им беше јасно и никогаш нема да им биде јасно како еден амбасадор на држава е во директен контакт со мене и сите мои колеги морепловци од Македонија и лично се залага при изнаоѓањето начин да се помогне во најскоро време сите да се вратиме дома“, напиша македонскиот морнар,
Господине Боцевски , вие сте херој за сите нас и како таков ке останете засекогаш, искрена благодарност од сите морепловци и другите македонски граѓани кои се вратија безбедно во нашата држава благодарение на вас и вашите секојдневни заложби за сите нас. Господ да ве благослови !!!??????
Во Скопје, утре на 26-ти мај ке слетаат морнари од Македонија, Бугарија и Србија.
За странските државјани репатријацијата ќе биде извршена со автобуски превоз до граничните премини со Бугарија и Србија, а македонските морнари ќе поминат низ процес на медицинска проверка на аеродромот, по што ќе се утврди дали ќе одат во карантин или ќе бидат упатени на 14-дневна самоизолација.
Сите морнари кои се враќаат од Карибите биле во просек по 60 дена на бродовите без контакт со лица од надворешниот свет.
За време на престојот на бродовите, вработените ги уживале благодетите на сместување во гостинските соби и храна по сопствен избор.
Ова е прв авион кој слетува во Скопје со толкав број на патници од некоја дестинација од Северно-американскиот континент.