понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Родителите на злоставуваното девојче го бараат старателството над неа

Родителите на злоставуваното девојче го бараат старателството над неа

Родителите на злоставуваното 13 годишно девојче си ја бараат назад ќерката. Шокирани се што за абортусот дознале од медиумите. Фикрија и Шефки Ибраим живеат во Чичино село, прифатилиште каде бездомните лица добиваат топол оброк и сместување, јавува ТВ24.

Мајката Фикрија раскажува дека нивното родителско право било одземено кога малолетничката имала 6 години.

По, несаканата бременост 13 годишното девојче закрепнува од абортусот и се чувствува подобро.

Ова изутринава го соопштил на нејзиниот татко прашувајќи кога ќе може да се врати со него и нејзината мајка. Овој одговор Шефкет Ибраим ќе го чека до април кога основниот суд 2 во Скопје треба да одлучи кој ќе биде старател над неа, повторно државата или родителите?, објави Телма телевизија.

Како што објави телевизијата, Ибраим е излезен од затвор за питачење пред три години, неговата сопруга пред 16 месеци, па ако тогаш го врател старателството над неа немало да дојде до ова.

Според него, таа е нападната и злоупотребана додека била сместена во домовите за згрижување25- мај и  „Ранка Милановиќ“.

Патот на бездомниците почнува од улицата, а државата ги нуди трите опции – прифатниот центар „Чичино село“, домовите за згрижување деца „25- мај“ и „Ранка Милановиќ“.  Во отсуство на институционална грижа, зад тие ѕидови владее законот на природата дека посилниот добива се, за Телма сведочат и роднините на семејството Ибраим.

 

Најнови вести