четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Розевите очила на Заев платата на докторите ја дуплираат

Розевите очила на Заев платата на докторите ја дуплираат

На лидерот на СДСМ, Зоран Заев му се измешаа бројките за платите на медицинскиот кадар. Според Заев во периодотоддекември 2017 година дофевруари 20 20 година платите на медициснките лица се покачени, а според неговата пресметка тие изнесуваат 111.377 денари за доктори специјалисти,58.991 денари за докторите на медицина или општ лекар 50.376 денари кај медицинските сестри со висока стручна спрема, односно 38.182 денари кај медицинските сестри со средна стручна спрема.

Оттука платата според пресметката на Заев за специјалист е околу 110.000 денари, а фактите говорат дека нето платата е околу 55.000 денари. Или ништо од ветувањето дека основната плата на специјалистите ќе биде 100.000 денари.

Очигледно е, дека Заев правинекои пресметки кои му се само нему познати. А што се влегува во неговите пресметки знае само тој, зошто медицинските лица велат дека нивните плати не се толкава сума за која зборува Заев.

Колку за илустрација хирург со 20 години стаж,со минимум четири до пет дежурства, од кои треба да бидат празнични и викенд дежурства, и бодови за раководење може да достигне плата меѓу 110.000 и 120.000 денари

Пресметки на Заев за платите на медицинскиот персонал

Доктори специјалисти                       111.377
Општ лекар                                            58.991
Сестрасовисокастручнаспрема        50.376
Сестрисосреднастручнаспрема        38.182

Колку реално изнесуваат платите(пресметка во хируршка дејност)

Бруто плата       Нето плата
Доктор специјалист                               85.000                 55.500
Општ лекар                                              56.000                  37.000
Сестра со висока стручна спрема      42.000                 28.000

Најнови вести