Зад сопствеништвото на рудникот Иловица на планината Огражден се крие бугарска компанија преку Кајманските острови.
На Фејсбук страната „Здрава котлина“ пред два дена беше објавено дека наводно швајцарската компанија Трафигура ја купи Еуромакс Ресурси во Македонија преку Кајмански Острови.
-Ама на крај излегува дека ова само да ти бил бугарски капитал на Geotechmin што го има најголемиот рудник за злато и бакар во Бугарија. Дали акционерите како Цоло Вутов, Иван Вутов, Станислав Делчев ви личат на швајцарски имиња што се наредени до Варшан Гокул, Патрик Форвард, ЕБРД и други? И уште нешто, зошто преку Кајмански Острови? Знаете ли што значи тоа кога наводен швајцарски капитал доаѓа преку Кајмански острови? А дали знаете колку милиони евра е оштетен буџетот на Македонија поради избегнување на плаќање јавна давачка во висина од 7% од вредноста на коцесијата согласно член 49 став 15 што ја регулира промената на сопственичката структура што поединечно или збирно го менува управувачкиот пакет односно има 51% или повеќе од вкупната сопственост на фирмата што ја има концесијата согласно член 49 став 1 и став 14. Да не зборуваме што побараа довола од комисија за конкуренција, но не побараа никаква дозвола од министерството за економија согласно член 49 од Законот за минерални суровини и членовите 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20 и 21 од Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам. Како е можно еднаш да се правни лица како што гледате на сликите, а еднаш да се физички лица како што гледате исто на сликите? Зарем треба да ги толкуваме законите зависно кој прашува? Имаме ли ние закони што си ги почитуваме или ова не важи за сите еднакво?, прашуваат од Здрава Котлина.
Оттаму, како што велат, имаме чорба каша од бугарски капитал скриен преку швајцарска фирма и пренесен преку Кајмански Острови и за што не е платена јавна давачка од 7% без разлика што трансакцијата се случила надвор од Македонија.
-Факт е дека променета е контролата на управувачкиот пакет акции еднаш над правните лица и понатаму на физичките лица што е евидентно од фотографиите. Факт е дека ниту дозвола е побарано па ниту е платена јавната давачка согласно законот. Факт е дека многу мириса на голема корупција и перење на пари, велат од Здрава Котлина.
Минатата година второстепената комисија за одлучување во управна постапка ја одби жалбата на компанијата „Еуромакс ресорсис“. Тогаш од компанијата не појаснија кои ќе бидат нивните чекори. Но, по низата изјави во јавноста, се отвора простор за сомнеж дека зад отворите врати на Бугарија за бизни во Македони сто премиерот Зоран Заев.
Имено, во јавноста веќе наголемо се говори Заев на Бојко Борисов му ветил продажба на една телевизија, банка, акции во голема компанија каде државата има капитал и еден рудник.
Од ВМРО-ДПМНЕ изминатиов период предупредуваа дека покрај историската распродажба, Заев во Бугарија ветувал влез на бугарски капитал во големи македонски компании.
Пратеникот Антонио Милошоски на почеток на минатиот месец јавно говореше дека зад бизнис зделките на Заев со Бугарија стои македонска банка и важна телекомуникациска компанија.
-Она што се зборува во кулоарите во дипломатски неофицијални кругови е дека дел од тензијата која што е настаната помеѓу Борисов и Заев се однесува на некои дадени ветувања од Заев коишто македонската јавност не ги знае, поврзани со македонската историја, идентитет, јазична и културна самобитност, но исто така поврзани и со ветувањето за влезот на Бугарија во една голема македонска банка и во една голема телекомуникациска куќа, вели Милошоски.
Вчера и Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека зад тајните разговори со Бугарија за отстапување од македонските национални одбележја, се кријат и бизнис интереси кои Заев одамна ги има ветено.
-Па како тогаш може истата да ја распродава, како може да изјавува дека Скопје, Куманово и Крива Паланка биле ослободени а не поробени од источниот сосед. Ова глумење на непознавање, крие и бизнис интереси. Бизнис интереси над националните. Ова само Зоран Заев го може и никој друг. А се зборува дека истово многу одамна го има и ветено, истакна таа.
Дали ситуација со рудникот Иловица е само почеток на распродажбата која започнува?