среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сајкоски: Граѓаните на Битола со свои идеи и предлози за проекти за 2023 година

Сајкоски: Граѓаните на Битола со свои идеи и предлози за проекти за 2023 година

(Интегрален текст и видео од изјавата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски)

Општина Битола изминатиот месец одржа четири буџетски форуми на кои што беа поканети сите општествени чинители од градот и урбани, месни заедници, стопански комори со цел да се подобри и да се учествува во изработката на буџетот за да можат да се внесат проекти кои што се значајни за сите граѓани на Битола.

Денес имаме отворен ден на кој што исто така свои идеи и предлози даваат граѓаните на општина Битола. Она што е проблем и што треба да биде решено наредниот период да биде во рамките на можности на општина Битола. И во рамките на она што го планирал градоначалникот да биде внесено за да може да се подобри квалитетот на живот на луѓето кои што овие предлози ги даваат до општина Битола и да бидат вградени во следниот буџет.

Значајно е да се истакне дека во изминатиот период од она што ме информираше градоначалникот на Битола, дека веќе се издиференцирале дел од работите и може да се каже дека за следната година ќе се изработува една индустриска улица во должина од 2400 метри, која што е од големо значење за луѓето кои што работат и живеат таму, и за претставниците на стопанската комора.

Исто така ќе се изработуваат велосипедски патеки, меѓутоа ќе се стави акцент и на изградба на инфраструктура комунална, патна инфраструктура и навистина ќе се види дека општина Битола има разлика д она што било претходно.

А дека има разлика може да се види сега бидејќи само за една година градоначалникот изработи преку 20 улици, преку 11 километри асфалт е поставен во општината, и тоа е она кое по кое се разликуваат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалниците од СДСМ.

Најнови вести