сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сајкоски: Љубчо Георгиевски заеднички и координирано со Заев како коалициони партнери го правеле планот

Сајкоски: Љубчо Георгиевски заеднички и координирано со Заев како коалициони партнери го правеле планот

Љубчо Георгиевски како коалиционен партнер на Заев во владата, со Заев заеднички и координирано ги прават овие постапки, изјави Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со предлог планот на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски за решавање на спорот со Бугарија.

Сајкоски додаде дека граѓаните на Македонија треба да се запрашаат зошто е направен и објавен овој план од Георгиевски, додавајќи дека соседите секогаш имале инсталации кои работеле против македонскиот народ и држава.

– Историски гледано со формирањето на соседните држави започнало негирањето на македонскиот народ и во тој период 19 и 20 век и денес, соседните држави имаат свои инсталации кои работат против македонскиот народ, а сега и против македонската држава и јазик, потенцираше Сајкоски

Најнови вести