Денес остварив средба и со жителите на Тетово и Брвеница.
Граѓаните се разочарани од празните ветувања на СДСМ со кои им беше ветено европска Македонија и едно општество за сите. Ветуваа и кажуваа дека во четиригодишниот мандат ќе изградат улици, патишта, канализации и водоводи, ќе отворат нови работни места и ќе донесат нови странски инвестиции. Со ваквите лажни ветувања СДСМ само си го забрза падот, подфрлија онаму каде највеќе ветуваа.
Затоа сега е ред на граѓаните, да им кажат ДОСТА на лагите и празните ветувања.
Само заедно и сплотени ќе и помогнеме на Македонија да оди напред, за подобра иднина на сите.
Граѓаните ќе одлучат во каква Македонија сакаат да живеат.
#МакедонијаЗаСитеЛуѓе
Фејсбук статус на Ѓорѓија Сајкоски