Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски од централниот настан за преставување на кандидатите за градоначалници, кој традиционално и овој изборен циклус го почнува од Охрид, порача дека верува дека овие избори ќе ја добијат поддршката на граѓаните и со тоа ќе донесат промени во Македонија, во однос на раководењето на државата.
Тој, во своето вклучување во централниот дневник на телевизија Телма, истакна дека изборната кампања ќе ја искористат за да ја побараат поддршката за граѓаните со цел да ги реализираат проектите, кои што ги имаат зацртано во нивните програми за секоја општина одделно, кои, пред се значат решавање на суштински проблеми на граѓаните.
Сајкоски додаде дека проектите кои што се дел од изборната кампања произлегуваат од барањата и потребите на македонските граѓани, во секоја општина одделно.
„Бараме поддршка од граѓаните за да може да ги реализираме проектите кои што се зацртани во нашите програми, за секоја општина одделно, а кои што произлегуваат од барањата и потребите на граѓаните од сите општини во Република Македонија. Јас верувам дека во следниот период, со поддршката која што ќе ја добиеме од граѓаните, ќе имаме победа. Со поддршката која што ќе ја добиеме од граѓаните ќе направиме промени“, порача Сајкоски во линковското вклучување во за Телма.