недела, 5. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сама со брдо грижи: Да помогнеме, оваа баба води лавовска борба за егзистенција со „голи раце“

Сама со брдо грижи: Да помогнеме, оваа баба води лавовска борба за егзистенција со „голи раце“

Леб и јогурт е единствената храна што 68-годишната Небије Рушити може да си ја дозволи, но и тоа мувлосува поради влагата во куќата. Тажната сторија за нејзиниот живот, ја пренесува ТВ21.

„Немам ниту за јадење, кој што ќе ми донесе за Рамазан од тоа живеам. Само за леб знам, и понекогаш кисело млеко. Не ми стигнуваат  пари ни за лекови. Бев во една куќа, оттаму ме избркаа, се вселив во една друга, но и од таму ме избркаа. Овде сум 4 години, но има многу влага. Не се живее“, вели Небије Рушити, пренесе телевизијата.

13 години по смртта на сопругот, таа живее сама со сите грижи на својот грб во оваа куќа под кирија. Освен влагата која тешко ја поднесува поради нарушеното здравје, за Небије проблем се и стаорците што шетаат по куќата. Од студот в зима, последиците ги чувствувам и на лето, вели Небије.

 „Во зима само во оваа соба седам, со една греалка. Се топлам од едната страна, па ми е ладно од другата. Денеска и реков на снаата од братот, дека и во лето ме боли грбот од зимскиот студ“, вели Небије.

За Небије, единствена надеж се хуманите луѓе, таа моли да и помогнат годините што и преостанале да ги помине спокојно во куќа со нормални услови за живеење.

ЛИЦЕ И БРОЈ ЗА КОНТАКТ  –

НЕБИЈЕ РУШИТИ 071 / 975 – 001

Најнови вести