понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Само на Попова Шапка и во Берово утринава минусни температури, еве каде има најмногу снег

Само на Попова Шапка и во Берово утринава минусни температури, еве каде има најмногу снег

На Попова Шапка утрово во 7 часот измерена е снежна покривка од 43 сантиметри. Снег има и на Крушево (27) и во Маврови Анови (26).

Температури под нулата се измерени на Попова Шапка (-4) и во Берово (-3). Следат со нула степени Маврово, Крушево, Гевгелија, Скопје-Петровец, во Демир Капија и Дојран 1 степен, 2 Охрид, 3 Kрива Паланка, Битола, Претор, 4 Куманово Виница, Прилеп, 5 Штип, 6 Тетово, Скопје-Зајчев Рид.

Според УХМР, времето денеска сончево и уште малку потопло со мала локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер повремено со брзина од над 60 км/ч и ќе биде најизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интрервал од 10 до 19 степени.

Во Скопје, сончево со мала локална облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Најнови вести