понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Санирање на дефект во тунелот кај Демир Капија: Вечерва возете внимателно, брзината ограничена на 40 км/ч

Санирање на дефект во тунелот кај Демир Капија: Вечерва возете внимателно, брзината ограничена на 40 км/ч

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

АМСМ известува дека на ден 17.10.2018 во периодот од 23:00 – 00:00 часот ќе се извршува санирање на дефект на дел од опремата инсталирана во тунел 1 – Демир Капија, правец: Гевгелија – Скопје. Поради овие причини едната сообраќајна лента во овој тунел ќе биде затворена во наведениот период. Во овој период брзината во тунелот ќе биде ограничена на 40 km/h и сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента.

Од вторник – 16.10.2018, ЈП Македонијапат ќе изведува градежни работи (машинско асфалтирање, надоградба на постоечката подлога на коловозот) на патниот правец А2 Тетово – Гостивар крак – с. Неготино од 08:00 до 16:00 часот, од понеделник до сабота, во наредните 20 дена. Додека се изведуваат градежните работи тешките товарни возила нема да можат да го користат овој патен правец. На местото на изведување на градежните работи ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација како и физичко обезбедување со знаменца, а сообраќајот ќе се одвива наизменично во двата правци.

Од ЕВН е највено дека од 03.10.2018 година напојувањето на тунелите на патот Демир Капија – Смоквица од страна на Демир Капија ќе биде исклучено неколку денови. Од оваа причина напојување ќе има само од страна на Удово. Доколку дојде до прекин во напојување од двете страни сообраќајот на автопатот Демир Капија – Смоквица во двете насоки ќе се одвива под посебни услови во тунелите.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Најнови вести