сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

„СДК“: Уставните судии сами си изгласаа 35% додатоци на плата без да ги поминат законски во Собрание

„СДК“: Уставните судии сами си изгласаа 35% додатоци на плата без да ги поминат законски во Собрание

Уставните судии на 22 октомври сами си изгласале додатоци во висина до 35 отсто од месечната плата за да бидат исти како судиите и обвинителите, но направиле преседан. Додатоците си ги вметнале во Деловникот за работа на Уставниот суд, место парламентот да им ги изгласа со закон, пишува порталот „Сакам да кажам“.

Кај нас, со посебни закони за плати на судиите (во редовното судство) и на обвинителите се регулирани надоместоците на овие две професии, како што е секаде пракса во светот кога станува збор за ризици во работата. За уставните судии таков закон нема, зашто тие земаат поголеми плати од обвинителите и од редовните судии во основните, апелационите, управните судови и во Врховниот суд, а немаат ни толкав ризик во работата, стои во текстот на СДК.

Уставните судии не сослушуваат обвинети, не одредуваат притвор, не судат за организиран криминал, ниту за корупција, убиства, силувања, педофилија. Не одат на увид на несреќи, не трпат таков тип ризик во работата. А тие токму за овие ризици си предвиделе надоместоци со Деловник за работа.

„Во Деловникот на Уставниот суд по членот 10 се додава 10-а, кој гласи:

Покрај правото на плата и други надоместоци, судиите на Уставниот суд имаат право на додаток на плата за:

-посебни услови за работа

-постоење на висок ризик

-доверливост

Вкупниот износ на висината на додатоците од ставот 1 на овој член, не може да изнесува повеќе од 35% од основата на платата на судијата. Додатоците од ставот 1 на овој член, нивната висина и начинот на утврдување се уредуваат со акт на Судот“, стои во одлуката објавена во Службен весник.

Целиот текст прочитајте го на „СДК“.

Најнови вести