среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СДСМ со организирање на црни избори свесно ги загрозува животите на граѓанитe

СДСМ со организирање на црни избори свесно ги загрозува животите на граѓанитe

Здравјето на граѓаните пред се и над се, но не и за власта во Македонија која свесно ги турка граѓаните во црни избори. Пандемијата со корона вирусот зема се поголем замав и секој нареден ден станува поцрн од претходниот, но владејачките партии СДСМ и ДУИ, сепак влегуваат во кампања за предвремените локални избори во Штип и Пласница.

Додека од една страна владејачките партии се свесни дека ситуацијата е загрижувачка и носат радикални мерки и препораки, од друга страна се однесуваат како овие две општини да се изолирани од корона вирусот.

Македонија вчера го имаше највисокиот процент на заразени од корона вирусот. Од 1293 тестирани, позитивни беа 515 лица, што се највисоки досега 39,8% од тестираните. Да биде полошо вчера беа починати и 20 лица. Дека ситуацијата е алармантна покажуваат и податоците од претходните броеви кога бројот на заразени постојано е околу 1.000, додека речиси секој ден бројот на починати е двоцифрен.

Имајќи ја предвид таквата ситуација, вчера владата донесе радикална мерка, односно се забранува групирање на отворен простор на повеќе од 4 лица и тоа во текот на целиот ден. Претходно се донесе мерката за задолжителни маски насекаде, намалено работно време на угостителските објекти до 21 часот, но и препораки граѓаните да не чекаат гости за домашните слави кои периодов ги има во изобилство. Дополнително на тоа од Комисијата за заразни болести, вчера за медиумите соопштија дека не е исклучена можноста за полициски час после 21 часот.

Оттука сосема е нејасно кога власта е сосема свесна за тешката ситуација во земјава, зошто упорно турка избори кои според се ова ќе бидат црни за граѓаните. Нејасно е и како планираат да водат кампања и како ќе се одвива денот на самите избори, имајќи ги предвид сите мерки и забрани кои ги донесоа.

Во Штип вчера позитивни беа на 33 лица, а едно лице почина. Вкупната бројка на активни лица позитивни на корона вирус во моментов изнесува високи 417, вбројувајќи го Штип во една од најзагрозените општини во Македонија.

Имајќи ја предвид ситуацијата од опозицијата најавија дека нема да учествуваат на изборите и дополнително да ги загрозат граѓаните. Опозициските ВМРО-ДПМНЕ, како и Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива повикаа на разум и побараа одложување на изборите се додека не се создадат понормални услови за нивно одржување. Со сличен став се и другите партии како Левица, Глас за Македонија, ГДУ и Единствена Македонија. Сите се против избори, освен власта, чиј мерак за избори е поважен од здравјето и животите на македонските граѓани.

Најнови вести