Водостојот на Вардар е понизок од просечниот за февруари, а на три од четирите мерни места е намален во однос на вчера, покажуваат последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Понизок од долгогодишниот просек за овој месец е и водостојот на останатите реки во земјава со исклучок на Црн Дрим на мерното место кај Ложани каде е речиси двојно повисок од просечниот и Пчиња кај Катлановска Бања каде е скоро ист со просекот.
Нивото на Дојранското Езеро е за повеќе од три метри над просекот за овој месец, кај Преспанското е речиси исто со просекот, додека кај Охридското Езеро е пониско за 12 сантиметри.