Водостоите на реките во Македонија се под просект за декември со исклучок на Црн Дрим на мерното место Ложани каде нивото е за речиси половина повисоко од повеќегодишниот просек за овој месец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според податоците на УХМР, водостоите на природните езера се во рамките на просекот за декември, а нивото на Охридското Езеро е за 15 сантиметри повисоко од минимално дозволеното.