сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Се огласи МНР- еве дали има заболени Македонци во Кина од коронавирусот

Се огласи МНР- еве дали има заболени Македонци во Кина од коронавирусот

Министерството за надворешни работи информира дека според информациите од македонската амбасада во Кина, до овој момент таму не е пријавен ниту еден случај на наш државјанин заболен со корона вирусот. Нема пријавени ниту македонски државјани кои се наоѓаат во пошироката зона со рестриктивни мерки за движење на кои им е потребна помош.

Министерството за надворешни работи исто така информира дека во НР Кина легално престојуваат околу 100 наши државјани, а македонската амбасада е во постојан контакт со нив.

Македонските граѓани за подетални информации околу развојот на состојбите можат да се обратат во Амбасадата на Република Северна Македонија во Пекинг на дежурниот телефонски број +86 185 1351 2812 или мејл [email protected].

Најнови вести