среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се огласи пратеникот на ДУИ за кој се пишуваше дека ја напуштил пратеничката група

Се огласи пратеникот на ДУИ за кој се пишуваше дека ја напуштил пратеничката група

Пратеникот од ДУИ, Исмаил Јахоски, попладнево преку писмено соопштение негира дека ја напуштил пратеничката група на ДУИ и додава дека на интернет страницата на Собранието е направена техничка грешка.

„Дозволете да ве информирам дека јас, Исмаил Јахоски, избран како пратеник во Собранието на Република Македонија од листата на ДУИ, во ниту еден момент не сум напуштил парламентарната група, ниту, пак суштински се оддалечил од изборната политичка агенда на ДУИ. Фактот што на веб-страницата на Собранието сум ставен како независен пратеник
претставува техничка грешка, која соодветно ќе биде исправена во најскора прилика“, порача тој.

 

Најнови вести