Собранискиот спикер Талат Џафери ја закажа седницата за законот за јавно обвинителство којшто го предложи владата по скратена постапка, на 27 август. Џафери за тв 24 вели деказ роковите ќе бидат скратени и доколку има политички консензус, законот ќе биде донесен во предвидениот рок.
Владата го достави решението до Собранието во средата, за да биде изгласан потребно е 2/3 мнозинство коешто засега Заев го нема. Премиерот вчера најави дека доколку не се донесе законот до 6 септември, тој ќе биде донесен на непосакуван начин.