среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

“Секој заслужува малку среќа”: Рози Мицкоска и пратеникот Стојаноски во пресрет на Божиќ посетија повеќе социјално ранливи семејства 

“Секој заслужува малку среќа”: Рози Мицкоска и пратеникот Стојаноски во пресрет на Божиќ посетија повеќе социјално ранливи семејства 

Традиционално, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорче Петров организира хумани мисии во пресрет на поголемите празнувања, па така беше и овој пат во пресрет на христијанскиот празник Христовото рожденство Божиќ.

Пратеникот и претседател на комитет Бојан Стојаноски заедно со членот на Извршниот Комитет на партијата Марија Андоновска посетија неколку семејства во оваа скопска општина.

На акцијата оваа година се приклучи и сопругата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска која како што дознаваме секоја година посетува семејства од социјално ранливите категории со кои го поминува времето и споделува грижа и помош во пресрет на големите празници.

Оваа година акцијата која се спроведува е под мотото “Секој заслужува малку среќа”.

-Секој заслужува малку среќа и насмевка во период на овие празници. Тие за мене, и дружбата со овие луѓе е бесценета и претставува големо искуство. Да споделиме со овие луѓе тоа што имаме затоа што тие заслужуваат повеќе и да го свртиме вниманието на општеството кое мора да посвети поголемо внимание, изјави Рози Мицкоска.

Тие ја посетија и црквата СВ Апостоли Петар и Павле во Ѓорче Петров.

Најнови вести