петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Села со порака до Ахмети: На Албанците не им требаат вашите столбови, чувајте ги за себе

Села со порака до Ахмети: На Албанците не им требаат вашите столбови, чувајте ги за себе

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села го отфрли предлогот на ДУИ за петте столба или „албанската платформа“ за преговори со партиите на Албанците. Ова е второ одбивање од Алијансата за ДУИ, откако претходно лидерот на ДУИ Али Ахмети не успеа да ги седне на иста маса претседателите на партиите на Албанците за поддршка за премиер Албанец.

Алијансата преку пет столба, еднакво како ДУИ, му одговори на Османи зошто ја отфрла понудената платформа за преговори:

1. ДУИ продолжува да биде најразединувачкиот политички субјект до денес. Експонентите на ДУИ, нашите 12 пратеници од Коалиција меѓу Алијансата и Алтернатива, ги претставуваат како 8 + 4.

2. Не се фаќај за рака со Лубе Бошковски за да добиеш глас повеќе и да се повикуваш на легитимноста на Албанците.

3. Не кради гласови и не ја купувај слободната волја на Албанците, за утре да се повикуваш на некредибилен легитимитет.

4. Не ги лажи Албанците, со столбови и со билети, туку исполни го вашето единствено ветување, ветувањето за премиер Албанец, за кое баравте гласови од Албанците.

5. За петтиот столб ја прашуваме ДУИ: Каде бевте вие кога беа направени уставните измени?

„На Албанците не им требаат вашите столбови, чувајте ги за себе, како и вашите ветувања до граѓаните што ги напуштате веднаш штом ќе завршат изборите – вели Флакрон Беџети“, портпарол на Алијансата за Албанците.

Од Беса велат дека прво чекаат покана од ДУИ за разговор за тие теми.

-Се додека од ДУИ не добиеме официјална покана, нема ништо да коментираме, велат од Беса.

Османи вчера во изјава за ТВ21 рече дека е многу е важно партиите на Албанците да се согласат за „албанска платформа“ во политичката трка, која треба да биде постојана за албанската политика.

Во платформата е наведено дека партиите на Албанците на избори нема да се тркаат со повеќе од две листи. Партијата која ќе добие глас повеќе зборува во име на Албанците во другите општини. Партиите и пратениците кои имаат глас помалку, даваат поддршка на првата партија, која за стратешките линии ќе зборува во името на сите пратеници Албанци, а за дневно-политички прашања ќе биде главен коректор. Пратениците на партиите кои не победиле не водат разговори на страна за да ги ослабнат преговарачките позиции на победничката партија (како во 2006 година). Има можност за соработки во разни форми, во интерес на граѓаните.

Најнови вести