сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Семејството на возачот од Ѓорче Петров кој почина на Стража апелира за помош- ова е бројот за контакт

Семејството на возачот од Ѓорче Петров кој почина на Стража апелира за помош- ова е бројот за контакт

До редакцијата на КУРИР по објавената вест за собирање на донации за возачот на автобусот кој почина ненадејно вчера на Стража се обрати член од потесното семејство на трагично починатиот возач.

Станува збор за Часлав Величковиќ кој можат да го контактираат сите заинтересирани и доколку се во можност да му помогнат на семејството на возачот.

На семејството од Ѓорче Петров најмногу му се потребни финансиски средства, но и играчки и облека за три годишниот Димитриј кој вчера засекогаш остана без својот татко како и останати донации се добредојдени.

Горан Донев кој вчера почина на Стража зад себе остави сопруга и три годишен син.

Телефон за контакт Часлав Величковиќ

070233473

Инаку и во Фејсбук групата „Православни вести и патувања“ беше објавено дека деновиве ќе се организираат самоиницијативно и ќе донираат за семејството.

Деталите за донацијата пред Соборната Црква како и денот дополнително ќе ги објават.

НАПОМЕНА: Групата „Православни вести и патувања“ има направено грешка, возачот има син, во продолжение еве го нивниот пост.

Најнови вести