петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Серафимовска: СДСМ потфрли во Штип, колони граѓани со симптоми чекаат да бидат тестирани, но тестови нема

Серафимовска: СДСМ потфрли во Штип, колони граѓани со симптоми чекаат да бидат тестирани, но тестови нема

Уште едно изненадување како резултат на неуспешните политики за справување со КОВИД кризата од СДСМ. Веќе извесно време државата е во недостиг на тестови за детекција на вирусот. Колони граѓани со симптоми чекаат да бидат тестирани, но тестови нема, изјави денеска за медиумите, Христина Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Ако пикот на вирусот ни го најавуваа уште од јуни, со месеци слушаме дека состојбата ќе биде влошена на есен, тогаш зошто не е навремено пресретнат проблемот и е дозволено државата да остане без тестови за детекција на вирусот.Како резултат на ваквите пропусти граѓаните на кои не им спроведено тестирање со симптоми слободно се движат, немаат решение за изолација, немаат отворено боледување и вирусот го шират на работните места.
Ова се коси со секојдневните апели за рана детекција на вирусот и навремено лекување што е причина број 1 за високата смртност во Македонија, вели Серафимовска.

Како граѓаните да започнат со рана контрола, ако државата не им обезбедила тестови? Да се потсетиме, пред извесно време ги укинаа контролните тестови и по изминување на изолацијата позитивните случаи се пуштаат слободно да се движат без проверка. Сега еве се соочуваме со неможност за почетно тестирање и детекција на заразата. За на крај да ги обвинат граѓаните дека токму тие со непочитување на мерките се директни виновници за ширење на заразата, истакна таа.

Она што е индикативно е што брзите – тестови кои се најавени од министерот според неговите изјави се донација на државата, но сепак граѓаните ќе ги плаќаат 1.000 денари од свој џеб. Дали оваа власт е свесна дека секој задоцнет чекор е директна причина за зголемување на смртноста и ширење на заразата. Потсетуваме дека партиските препукувања и отфрлањето на предлозите од опозицијата се на директна штета на граѓаните. Одговорност мора да има, посочува Серафимовска.

Најнови вести