На 4 септември 2016 година, Мајка Тереза беше прогласена за Света Тереза од Калкута, од страна на папата Франциск.
Поглаварот на Римокатоличката црква пред шест години на церемонија која се одржа на плоштадот „Св. Петар“ ја прогласи Мајка Тереза за Светица.
Пред повеќе од десетици илјади верници на плоштадот Свети Петар во Ватикан, кардиналот Анџело Амато – префект на Конгрегацијата за прогласување за светци, прочита кратка биографија за делата на Мајка Тереза, а потоа побара од папата да ја канонизира во името на Црквата.
Папата Францис одговори: “Да ја носиме нејзината насмевка во нашите срца и да им ја даваме на оние кои ги среќаваме за време на нашето патување, особено на оние кои страдаат. Ја прогласуваме Блажената Тереза од Калкута да биде светица и ја запишуваме меѓу светците, и таа треба да биде почитувана како таква од страна на целата Црква.”
На канонизацијата на Блажена Мајка Тереза присуствуваше македонска државна и црковна делегација, предводена од претседателот Ѓорге Иванов. Посебно место на свеченоста имаа Република Македонија, заедно со Република Албанија и Република Индија, како земји на нејзиното раѓање, потекло и мисија.