вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Папата Франциск бара мир во Израел и Газа: Браќа и сестри, престанете

Папата Франциск бара мир во Израел и Газа: Браќа и сестри, престанете

Папата Франциск денеска повика на прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас и го повтори апелот за ослободување на заложниците кои ги држеше палестинската милитантна група во Газа. Никој да не се откаже од можноста да го запре оружјето, рече Папата на плоштадот Свети Петар.

-Престанете со огнот, рече тој, мислејќи на неодамнешниот телевизиски апел на отец Ибрахим Фалтас, еден од претставниците на Ватикан во Светата земја. Ние велиме „прекин на огнот, примирје. Браќа и сестри, престанете! Војната е секогаш пораз, секогаш, рече Франциск.

Зборувајќи за „тешката ситуација во Палестина и Израел“ и особено, како што кажа, во Газа, „нека има простор за гарантирање на хуманитарна помош, а заложниците веднаш да бидат ослободени“.

Илјадници очајни жители на Газа упаднаа во магацините и дистрибутивните центри на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации за да грабнат брашно и „основните предмети за преживување“, соопшти денека организацијата.