Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, не може да се пофали ниту со еден проект сработен за доброто на граѓаните.
Наместо тоа, тој им донесе на скопјани поскап паркинг. Ако сакате да излезете во Центар, подгответе си повеќе пари за паркинг бидејќи за само еден час ќе треба да платите 100 денари.
На улица „Максим Горги“, во строгиот центар на градот, функционира зонско паркирање на Градски паркинг.
Таму се воведува поскапо паркирање на посочената локација со зона А0.
Оваа зона беше воведена и на Водно, каде до сега паркирањето беше бесплатно.
Најскапиот паркинг, зона А0, Шилегов не им го најави на скопјани во својата изборна програма.